Кривична пријава за полициски службеник за примање поткуп

Фото: Архива на „Слободен печат“

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи поднесена кривична пријава против скопјанецот С.С., полициски службеник во полициска станица при СВР Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“.

„На 26.7.2022, при вршење службени дејствија на автопатот Скопје – Миладиновци, при контрола на патничко возило, пријавениот побарал и примил 2000 денари од лице за да не изготви записник и прекршочен платен налог за сторен и констатиран сообраќаен прекршок“, информираа денеска од МВР.

Од таму појаснуваат дека после тоа, оштетеното лице го пријавило случајот во полициска станица, а по преземени мерки било утврдено дека пријавениот го сторил делото и му е поднесена кривична пријава.

Воедно, од Одделот за внатрешна контрола поднесена е иницијатива за поведување постапка за утврдување дисциплинска одговорност и предлог за отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот