
Критично е во скопско – Општина Чучер-Сандево бара да се прогласи вонредна состојба
Општината Чучер Сандево свика вонредна седница, од која советниците побараа од Владата да прогласи вонредна состојба во општината поради пожарот кој се шири во селата Глуво, Чучер, Кучевиште и Блаце.
Препорачано
Според градоначалникот на општината, противпожарната механизација присутна на терен не е доволна за справување со пожарите. Од општината испратиле предлог и за меѓународна помош, а размислуваат и за евакуација на жителите.
Како што попладнево јавија читатели на „Слободен печат“ и жители на оваа област, во повеќе села е неиздржливо поради чадот и пепелта кои се шират низ воздухот од големиот пожар што гори на три локации. Посебно тешка била состојбата во селото Чучер, каде според извештаите, има голема штета предизвикана од пожарот.
Во меѓувреме, Министерството за внатрешни работи ја извести јавноста дека почна наизменично пропуштање на возила на патниот правец Стенковец-ГП Блаце, во едниот, па во другиот правец. Но, апелираме до граѓаните, доколку тоа не е неопходно, да не тргнуваат кон ГП Блаце, се до целосно нормализирање на сообраќајот односно целосно гасење на пожарот во близина на патот.
ВИДЕО/ФОТО: Пожарот во Скопско се шири на повеќе локации, жителите ги бранат црквите