Кристијан Стојкоски официјално нов фудбалер на ГФК Тиквеш

фото: ГФК Тиквеш 1930 Кавадарци

Фудбалскиот клуб Тиквеш ангажираше ново зимско засилување, станува збор за искусниот офанзивен играч Кристијан Стојкоски.

Стојкоски доаѓа во екипата од Кавадарци од редовите Македонија Ѓорче Петров. Станува збор за фудбалери кој има големо прволигашко искуство во македонскиот фудбал.

Во својата кариера Стојкоски настапуваше и за екипите на Работнички, Брера, Шкупи и Тетекс.

Како што најавуваат од ГФК Тиквеш, следните денови ќе биде промовирано ново странско засилување. Од претходно нови имиња во тимот се Бразилците Луан Силва и Робертињо, како и Христијан Малески.

Клубот воедно се раздели со Марио Гасама, Гал Куреж, Џемаил Ибиши и Марио Станковски кој беше на позајмица во ФК Тетекс. Никола Најдовски е на шестмесечна позајмица во редовите на ФК Кожуф.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот