Кремљ гневен: Варшава му го врати името Кролјевец на Калининград

Градот го носи името на болшевичкиот револуционер Михаил Калинин - Фотографија Profimedia 30.08.2022 Russia, Kaliningrad region, Kaliningrad,Image: 718008441, License: Rights-managed, Restrictions: *** World Rights Except Russian Federation, Switzerland and Liechtenstein ***, Model Release: no, Credit line: Kommersant Photo Agency / ddp USA / Profimedia

Москва ја смета за „непријателски акт“ одлуката на полските власти да ја преименуваат руската ексклава Калининград во официјалните документи.

Полските власти објавија дека во официјалните документи ќе го нарекуваат регионот Кролевјец – традиционалното име на регионот и на градот, кој со векови пред втората светска војна беше познат како Кенигсберг, во составот на тогашна Источна Прусија. Во времето на Кралството Полска во 15 и 16 век, регионот бил нарекуван Кролевјец.

Советскиот Сојуз, кој по Втората светска војна го присвои регионот, го преименува Кенигсберг во Калининград, во чест на Михаил Калинин, еден од водачите на Болшевичката револуција.

Како објаснување за преименувањето, Варшава ја посочи улогата на Калинин во масакрот на полски офицери во Катинската шума во 1940 година, кога советските сили убија 21.000 воени заробеници. Масовните гробници биле откриени од германските окупациски сили во 1943 година, а Москва ја призна одговорноста за масакрот дури во 1990 година. Поводот, секако, е актуелната руска воена инвазија врз Украина.

– Актуелниот руски назив за овој град е вештачки, неповрзан ниту со градот ниту со регионот, а има негативна конотација во Полска. Секоја земја има право да ги користи своите традиционални називи, согласно културното наследство, но не може да биде принудена да користи имиња што се неприфатливи на својот јазик – се наведува во образложението на Комитетот за географска стандардизација.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, оцени дека одлуката на Варшава „се граничи со лудило“.

– Знаеме дека низ историјата Полска од време на време паѓала во лудило и омраза кон Русите – изјави Песков.

Многу поспокојно реагирале луѓето од оваа ексклава со нешто повеќе од 1 милион жители.

– И Литванија го преименува градот во Кролевјец. Ништо нема да се смени, освен што тие ќе треба да ги сменат сите документи – изјавила за Ројтерс жена од регионот.

Откако СССР се распадна и балтичките републики прогласија независност, Русија ја изгуби копнената врска со Калининград, која стана ексклава помеѓу Литванија и Полска. Балтијск, единственото руско пристаниште во северна Европа што не е замрзнато за време на зима, остана главната база на Балтичката флота.

По руската инвазија врз Украина, Полска забрзано ја утврди својата граница со Калининград во должина од 232 километри. Војската крена ограда висока 2,5 метри, а сега поставува и камери и сензори за движење, а на граничните премини се поставени антитенковски блокади. Варшава стравува дека Русија може да ја искористи блокадата за да генерира бегалски бран кон Европа, откако беа воведени директни летови од Блискиот Исток до Калининград.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот