КРАЛСКИ ПРАВИЛА ЗА ПАТУВАЊЕ: Двајца наследници никогаш во ист авион!

Википедија/Викимедија

Правилата за патување на кралското семејство се одамна пропишани, но во денешно време често се прават одредени исклучоци.

Сепак, дури и за тие исклучоци, членовите на кралската лоза мора да побараат дозвола од кралицата Елизабета, која одлучува како патувањето ќе се одвива.

Ова се неколку од нив:

Економска класа

Тие не се ограничени да патуваат со приватни авиони. Принцот Вилијам и војвотката Кејт повеќепати се забележани со комерцијални летови. Она на што се ограничени е однапред одредениот буџет кој не смее да се надмине.

Обезбедување

Без разлика како и да патуваат, во близина на членовите на кралското семејство на Велика Британија секогаш има 7 до 12 вработени во обезбедувањето.

Двајца наследници во ист лет

Според кралскиот протокол, двајца наследници не треба да патуваат со ист лет, со цел да не се загрози кралската линија доколку се случи несреќа. Сепак, досега се направени неколку исклучоци, но само со дозвола на кралицата.

Стил на облекување

Дури ни на долгите патувања не е дозволено носење тренерки или друга „кежуал“ облека. Тие мора да бидат формално облечени додека патуваат.

Фотограф

Секогаш, без исклучок, најмалку еден кралски фотограф патува со членовите на семејството, за да може целата активност да биде овековечена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот