„Кралот“ се врати на тронот: Новак Ѓоковиќ повторно е број еден на АТП листата!

фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Само со титулата на „Ролан Гарос“, Новак Ѓоковиќ можеше да се врати на врвот на АТП листата, а српскиот тениски ас блескаше во Париз и се врати на тронот.

Ја освои 23 Грен слем титула во кариерата, што го прави моментно најдобар на вечната листа, со една грен слем титула повеќе од Рафаел Надал (22) и така од понеделник се враќа на првото место на светската АТП листа.

ВИДЕО | Ѓоковиќ го освои Ролан Гарос и испиша историја!

На првото место е Ѓоковиќ со 7,595 поени, 420 поени повеќе од Карлос Алкараз (7,175) кого го елиминираше во полуфиналето на „Ролан Гарос“.

Исто така, Ѓоковиќ ја започна 388 недела како првопласиран на АТП, а целта е 400, што не е „невозможна мисија“.

ФОТО | „Би-би-си“ го круниса Ѓоковиќ!

Следат Данил Медведев (6,100), Каспер Руд (4,960), кого Србинот го победи во финалето на „Ролан Гарос“, потоа Стефанос Циципас (4,960), Холгер Руне (4,375), Андреј Рубљов (4,000), осми во светот е Тејлор Фриц (3,515), следен од Јаник Синер (3,300), на 10 место е Карен Хачанов (3,125). Рафаел Надал нема да игра во следните неколку месеци, па нагло пад имаше на АТП листата по Грен слемот во Париз. Тој сега е на дури 136 место со 445 бодови, а загуби 2,000 бодови.

По „Ролан Гарос“, следува „Вимблдон“. Се очекува Ѓоковиќ да профитира по игрите на најпознатата трева во светот, го брани трофејот освоен во 2022 година, а годинава може да освои 2,000 бода. Потоа следува дел од сезоната на бетон, Мастерсот и Грен слем во САД, каде Ноле би требало да игра годинава, а може да заработи околу 4,000 поени – 2,000 на „УС Опен“, и по 1,000 на мастерс турнирите во Торонто и Синсинати.

ФОТО | Мбапе и Ибрахимовиќ се поклонија пред успехот на Ѓоковиќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот