Кралицата Елизабета му испрати приватна порака на претседателот Бајден пред заклетвата

Кралица Елизабета Втора / Фото: EPA-EFE/BUCKINGHAM PALACE HANDOUT

Британската кралица Елизабета Втора му испрати приватна порака на американскиот претседател Џо Бајден, пред неговата претседателска заклетва, соопшти Бакингемската палата, пренесуваат американските медиуми.

Деталите од пораката не се објавени, но веројатно шефот на државата испрати најдобри желби за новиот американски лидер, додаваат медиумите.

За време на 68-годишното владеење на кралицата Џо Бајден ќе биде 14-от американски претседател, понувајќи од Хари С. Труман во 1952 година.

Портпаролот на Бакингемската палата само изјави дека „Нејзиното кралско височество испрати приватна порака до претседателот Бајден пред инаугурацијата”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот