„Кралицата ќе умре на 7 септември“: Што точно кажа познатиот рокер пред десет години?

Фото: Принтскрин - ЈуТјуб

Во интервјуто кое пејачот на британската рок-група „The Cure“, Роберт Смит го даде пред 10 години, тој меѓу другото зборуваше и за британското кралско семејство. Интервјуто деновиве стана вирално по смртта на кралицата Елизабета, бидејќи во него пејачот го предвидел датумот на нејзината смрт.

Целото интервју трае нешто повеќе од 30 минути, но како што доаѓа крајот, Смит зборува за тоа како отсекогаш го „мразел кралското семејство“ осврнувајќи се на дијамантскиот јубилеј во 2012 година, со кој Елизабета Втора одбележа 60 години од владеењето.

Новинарот вели дека „кралицата и понатаму е многу популарна“, а Смит одговара:

„Кралицата ќе умре во септември… на 7-ми. И ќе има голема револуција. И јас ќе останам крал“, вели Смит во интервјуто.

Тој, се разбира, се шегуваше, но по десет години, очигледно неговото случајно предвидување се покажа како прилично точно – британската кралица Елизабета Втора почина на 8 септември на 96-годишна возраст.

Нејзиното Величество беше најдолговечниот британски монарх – на тронот беше цели 70 години. Покрај тоа што беше кралица на Обединетото Кралство, таа беше и монарх на 16 земји од Комонвелтот и исто така врховен поглавар на англиската црква.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот