Кралицата Елизабета ќе биде погребана на 19 септември

Кралицата Елизабета
Кралицата Елизабета II / Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Погребот на кралицата Елизабета Втора ќе се одржи на 19 септември во 11 часот во Вестминстерската опатија, соопштија од Кралското семејство.

Детали за одвивањето на настаните во наредните денови ќе објавени од Бакингемската палата и Ерл Маршал, војводата од Норфолк, кој е одговорен за аранжманите.

Претходно беше најавено дека денот на погребот ќе биде национален празник за Британија.

Луѓето ќе можат да и оддадат почит на кралицата во катедралата Сент Гилс во Единбург на 12 септември и во Вестминстерската палата во Лондон на 14 септември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот