КРАЈ НА РАЗМЕНАТА: Авионите со по 35 затвореници слетаа во Москва и Киев (ВИДЕО)

Фото: Миа

Два авиона со украински и руски затвореници слетале денес на аеродромот во Киев, односно Москва, за размена на заробеници меѓу двете земји.

Украина и Русија денеска разменуваат 70 затвореници, по 35 на секоја страна.

На киевскиот аеродром се наоѓаат фамилиите на затворениците како и украинскиот претседател Владимир Зеленски.

Извори блиски до украинската власт соопштија дека украинскиот режисер Олег Сенцов се наоѓа меѓу затворениците, како и Владимир Цемах, бивши војник на проруските бунтовници во источна Украина, клучен сведок во истрагата за падот на малезискиот авион над Украина во 2014 година. Меѓу затворениците е и група од 24 морнари, кои Русија ги уапси минатата година.

Уредникот на порталот РИА Новости Украина, Кирил Вишински, кој беше ослободен од украинскиот суд, исто така слетал во Москва. Бронји новинарски екипи се наоѓаат на аеродромот „Внуково“.

Вишински, опкружен од новинари рекол дека се чувствува добро и дека утре ќе размислува за своето здравје. „Многу добро, бидејќи сега не размислувам на здравјето, туку на емоциите кои ме обземаа. За здравјето ќе мислам подоцна, како што рекла Скарлет Охара – утре. Утре ќе размислувам за здравјето, сега сум полн со адреналин. Наполнет сум со адреналин, во мене се врие. Искрено да кажам последниве недели не бев толку нервозен“, рекол Вишински при симнувањето од авионот.

Тој истакнал дека во затворот „деновите се претвораат во време помеѓу судења, а се околу е сиво, исто“.

Размената на 70 затвореници меѓу Киев и Москва претставува „прв чекор“ за крај на војната со проруските бунтовници во источна Украина, каде за пет години настрадаа скоро 13.000 луѓе, изјавил украинскиот претседател Владимир Зеленски.

„Го направивме првиот чекор… Треба да направиме уште чекори за да се заврши страшната војна“, рекол Зеленски кој ги дочекал украинските затвореници, кои Русија ги ослободила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот