Ковачевски: Заплашување на новинари, злоупотреба на моќта и на институцијата МВР е недозволиво

Димитар Ковачевски/Слободен Печат/фото Слободан Ѓуриќ

Претседателот на СДСМ и поранешен премиер Димитар Ковачевски, го осуди апсењето на новинарот Фуркан Салиу.

„Употребата на сила против новинарите страшно потсетува на мрачните времиња од минатото кога немавме слобода и демократија и бевме заробена држава. Заплашување на новинари, злоупотреба на моќта и на институцијата МВР е недозволиво“, напиша Ковачевски на официјалната Фејсбук страница.

Ковачевски изрази очекување новинарот да биде ослободен.

-Слободата на говор и заштитата на новинарите се врвен приоритет во едно демократско општество, додава Ковачевски на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот