Ковачевски: ВМРО-ДПМНЕ нема идеја, Левица со своето дејствување стана десница и ги зема во целосно заложништво

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски на трибина во Штип/Фото: СДСМ

Ние имаме обврска да го држиме кормилото на земјата во вистинскиот, европски правец и да ги спречиме сите обиди за негово попречување, затоа што постојат закани на европскиот пат на земјава. Левица и Димитар Апасиев, со опасниот популизам, со својата анти-НАТО и анти-ЕУ потпалувачка  реторика е фактор кој работи на загрозување на европскиот пат, порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски вечерва на трибината организирана во Штип.

Посочи дека ВМРО-ДПМНЕ нема никаква идеја освен да шири лажни вести и деструкции.

-Самите го признаваат тоа. Вчера Николовски од ВМРО-ДПМНЕ по телевизии вели „план ќе ви кажеме кога ќе дојдеме на власт”. Па добро се слушаат ли што зборуваат. Немаат ниту план, немаат идеја, немаат визија за иднината и немаат понуда за граѓаните. Затоа Левица со своето дејствување стана десница и ги зема во целосно заложништво. Потпалувачките политики може да ја уништат иднината на земјата и да го попречат европскиот пат и ние тоа не смееме да го дозволиме, рече Ковачевски.

На нашето општество, потенцира тој, не му треба враќање назад, туку визија за европска и економски напредна држава, јас таа европска и економска визија можам да ја преточам во реалност.
– Со сето мое менаџерско и економско искуство, со нов економски план можам да ја донесам општествената промена којашто ни е потребна. Потребна ми е поддршка, заедно со вас, заедно со граѓаните да ги направиме промените и наредната година да се случи економскиот пресврт. Заедно да изградиме европска Македонија, која ќе биде центар на зелена енергија, рамноправна членка на ЕУ, држава на можности за младите, држава сигурна за пензионерите. Да живее Штип, да живее СДСМ, да живее европска Македонија, додаде Ковачевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот