Ковачевски вели дека енергетската криза покажа колку се битни големите стратешки проекти

Димитар Ковачевски/ Фото: Слободен Печат/ Слободан Ѓуриќ

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски во гостување на Сител ги коментираше економските предизвици со кои се соочи земјата во изминативе години.

„Не е точно дека не се консултирани. Во државата има голем број експерти, во областа на енергетиката, машинското инженерство, електроинженерство итн. Јас како претседател на Владата имав советници кои беа врвни во своите области и од економија и од финансии и од електротехничките науки. И сите решенија кои што се носеа во делот на обезбедување на електрична енергија во најголема криза. Во делот за обезбедување на греење за Скопје. Во делот на овозможување на пристапни цени итн и јас врз основа на консултации со такви експерти. А што се однесува до консултирање со опозицијата, постојат законски решенија кои се во Собранието. Опозицијата е застапена во Собранието, таа може да го даде своето мислење,“ рече Ковачевски.

Јас кога сум бил заменик министер за финансии, дополни Ковачевски, заедно со министерот Бесими во еден или во два наврати самите имаме инсистирано да се повикуваат експерти во одредени законски решенија. Дали тоа ќе биде сега направено не знам меѓутоа дека на нас ни требаат стратешки големи проекти тоа го покажа енергетската криза. Ние работиме со 45 години стари капацитети со јаглен за производство на еле енергија. Дали големи светски инвеститорски имиња се пријавија, да, бидејќи се работи за навистина големи корпорации, посочи Ковачевски.

Лидерот на СДСМ се осврна и на коментарите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Прогнозите кои ги дава претседателот на ВМРО – ДПМНЕ се секогаш погрешни. Ќе ви кажам неколку примери. На пример од почетокот на енергетската криза, најголема по втората светска војна предвидуваше неговата партија 40% зголемување на електрична енергија. Тоа не се случи. Потоа предвидуваа дека нема да има електрична енергија. Тоа не се случи. Па предвидуваа дека нема да има парно греење во Скопје. Не се случи, парно греење имаше. Предвидуваа дека нема да отпочнеме преговори со ЕУ, по 17 години чекање отпочнавме преговори со ЕУ,“ рече Ковачевски.

Тој истакна дека, ппресметано во бројки, ВМРО-ДПМНЕ велело за минимална плата да биде 8.000 денари, минимална плата денес е 22.500 денари. СДСМ дала ветување просечна плата од 500 евра во државата, а денес просечната плата во државата е 40.000 денари, што е 650евра.

„Во време на Владата кога советник во Владата беше претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Мицкоски минималната плата беше 8.000 денари и беа потребни 4,5 минимални плати за една потрошувачка кошничка. Сега се потребни 2 минимални плати за 1 потрошувачка кошничка. И ако сакате во бурек да пресметате во тоа време со 1 минимална плата можело да се купат 170 четвртини бурек, денес можат да се купат 270 четвртини бурек и тоа добар бурек,“ посочи Ковачевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот