Ковачевски побара поддршка од Ромите: Со нас добивте многу повеќе отколку од претходната власт

Премиерот Димитар Ковачевски во студиото на „Слободен печат“ / Фото Драган Митрески / Слободен печат
-Ако ги погледнете и антикризните мерки, а имаме и најголем пакет на антикризни мерки во целиот регион според податоци на Светска Банка, од субвенционирање на електрична енергија, поддршка на ученици од основно и средно училиште, до зголемување на социјалната помош, зголемување на вработеноста, зголемување на минималната плата, сето тоа како бенефит го имаат и граѓаните кои се Роми. Со нас и Ромите и сите други граѓани добија многу повеќе од тоа што го добиваа со претходната влада пред 2016 година – рече Ковачевски.
Според него, СДСМ покажа дека е мултиетничка партија, во своите редови има Албанци, Роми и припадници други етнички заедници.
-За мене етничка припадност не може да биде професија, и тоа важи за сите. Сум имал можност за овие изминати две години, како и во претходното мое работно искуство, и не само моите советници, туку и еден од нашите млади во Брисел, во Канцеларијата на ЕУ, е од ромска етничка припадност. Тоа го препознаа и тие. Се работи за исклучително талентирана, образована, професионална млада особа која работи сега во друга меѓународна организација. Се потврдува дека квалитетот секогаш го наоѓа своето вреднување –  истакна Ковачевски
Тој исткна дека СДСМ покажала дека е мултиетничка партија, каде што и потпретседател на владата е Албанец, како и потпретседател на партијата, а секако дека има и Роми во своите редови, како и припадници на други етнички заедници.
-Сметам дека било кој од било која етничка заедница може да биде и министер, и јас познавам Роми кои имаат голем капацитет и дојдено е времето да ние како политичка партија можеме да го подржиме, а секако тоа да го подржат и коалиционите партнери. По 8 мај и извојуваната победа на СДСМ и коалиционите партнери кои се проевропски ориентирани, треба и Ромите да покажат подршка, да излезат на гласање, со подршка на кандидати кои се кредибилни, кои се интегритетни, со кои ќе изградиме подобро општетсво за сите – потенцираше Ковачевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот