Ковачевски, Николовски, Бесими и Бочварски ќе „бркаат“ инвеститори во Абу Даби

Димитар Ковачевски на Делфи економскиот форум/Фото: МИА

Премиерот Димитар Ковачевски во вторник патува за Абу Даби каде, како што информира вечерва во интервју за „360 степени“, веќе се закажани „состаноци со сериозни инвестициски фондови“.

Ковачевски вели дека контактите и подготовката на состаноците течеле изминатите неколку месеци.

– Се работи за навистина сериозни инвестициски фондови. За државата е подобро да се отиде да се разговара со тие инвестициски фондови со оглед на тоа дека веќе има држави кои обезбедија поповолно финансирање од она што се нуди тука во Европа токму од таа дестинација кадешто одиме, појасни Ковачевски.

Владината делегација, што ќе ја предводи тој, како што рече, ќе биде составена од министерот за финансии, министерот за земјоделство и министерот за транспорт и врски. Прашан колку луѓе ќе брои делегацијата во Абу Даби освен министрите, Ковачевски рече дека со него ќе патуваат уште двајца.

– Со мене ќе оди еден од обезбедување, може да има еден кабинетски службеник и тука завршува целата моја делегација. Нема ни потреба од повеќе, вели премиерот.

Ковачевски рече дека владината делагација во Абу Даби веќе има закажано состаноци со четири инвестициски фондови за да се презентира можната еврообврзница за идната година. Тој додаде дека целта е да се обезбедат каматни услови за финансирање на државата по поповолни услови од она што го има на мултилатералните финасиски пазари

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот