Ковачевски го кани Мицкоски на средба по изборот на новата влада

Фото: СДСМ/ВМРО-ДПМНЕ / колаж: „Слободен печат“

По изборот на новата Влада, претседателот на СДСМ и мандатар за состав на владиниот кабинет Димитар Ковачевски ќе упати покана до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за средба на која ќе се разговара за актуелните прашања, како и да се изнајде решение за закони од интерес на граѓаните.

– Вечерта кога бев избран за претседател на СДСМ, а Мицкоски реизбран за лидер на ВМРО-ДПМНЕ, имавме телефонски разговор дека по изборот на нова Влада ќе се видиме и ќе разговараме за актуелната состојба, рече Ковачевски во Топ Тема на ТВ Телма.

Ковачевски смета дека политичарите треба да ги здружат сите сили, и на ниво на партија, на ниво на коалиција, но и на држава и сите да дадат придонес кон најдобро и најбрзо решавање на проблемите.

– Сметам дека сите ресурси, особено на Владата, но и на Парламентот, треба да бидат насочени во носење закони и решенија за пребродување на кризата, но и закони во насока на поддршка на компаниите и граѓаните, рече Ковачевски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот