Ковачевски: Четири години „Мој ДДВ“ – четири години ги враќаме парите назад кај граѓаните

„Мој ДДВ” е една од најдобро реализираните мерки која дава одличен ефект и токму затоа денес, над половина милион граѓани ја користат оваа можност за поврат на средства, наведува на фејсбук премиерот Димитар Ковалевски по повод четити години од спроведувањето на оваа мерка.

– Годинава го зголемивме лимитот на повратот од 1.800 денари на 2.100 денари за тромесечје или 8.400 денари годишно по корисник, за што се обезбедени средства во буџетот. Во изминатите 4 години, над 6,6 милијарди денари се вратени назад кај граѓаните, а само годинава во првите три месеци се вратени 1,2 милијарди денари. Овие успеси се успеси и на граѓаните и на компаниите. Со фискалната дисциплина што ја поттикнавме со мерките како „Мој ДДВ“, плаќањето на даноците е прифатено како одговорност кон државата која носи придобивки. Тоа е и сликата што ја создаваме за нашата земја. За праведна и солидарна држава во којашто сакаме да растат нашите деца. За да имаме квалитетно здравство, современо образование, за да се градат нови патишта и инфраструктура. За да има доволно пари за пензии, за социјална помош и сите облици на финансиска државна поддршка и за да се движи државата напред, пишува во пораката премиерот Ковачевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот