Ковачевски: Бесплатно ќе се менуваат возачките дозволи

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски / фото: принтскрин МИА

Досега се сменети 1,2 милион патни исправи, а на брзината на замената на патните исптави влијаеше тоа во изминативе години имавме две години пандемија која ги наруши каналите на снабдување, наруши голем број на производствени процеси и можноста за брзо издавање на документите и предизвика скоро две години да имаме мерки за фиизчко разграничување на граѓаните, изјави денеска претседалелот на СДСМ и поранешен премиер Димитар Ковачевски во Куманово, одговарајќи на новинарско прашање зошто толку доцни издавањето на личните документи со новото уставно име на државата.

– Голем дел до патните исправи се заменети. Секое ширење на паника, секое давање на популистички изјави кои не се во насока на решавње на проблемот, туку во насока на себеистакнување, не носат ништо добро. Затоа вчера пратеничката група на СДСМ и претседателот на Собранието кој сега е од нашата партија, во разговор со сите партии дојдоа веднаш до консензус дека треба да се продолжи рокот на важењето на документите за внатрешна употреба. Нашите минситри денеска на седница на Владата ќе предложат замената на возачките дозволи до крајот на годината да биде бесплатна, на трошок на државата, за да се реалиизра и тој процес како што треба – рече Ковачевски.

Тој додаде дека очекува дека Министерството за внатрешни работи со сите свои управи и раковдство да успеат да обезбедат навремено снабдување со обрасци за патнки исправи, бидејќи, како што рече, обезбедувањето на обрасци е сложен процес, а тие се произведуваат во Германија.

– Се работи за голема операција за замена на сите лични документи што произлегува од меѓународен договор ратификуван во Собранието на нашата држава и во Грција, врз основа на кој ние сме членка на НАТО и ги почнавме преговорите со ЕУ. Сакам да искажам жалење за она што го поминуваат граѓаните, мора да се биде рален, не е едниставно да се нема патна исправа, но тоа е пат што мора заедно да го изодиме. Не е добро да се даваат популистички и лажни изјави, бевме сведоци четири години како дел од политичарите кажуваа немојте да ги менувате документите, ние ќе го вратиме името, а сега гледаме од тие политичари станаа дел од Владата, ама не велат дека ќе го сменат Уставот и дека ќе го вратат името – рече Ковачевски.

Тој додаде и дека немало потреба порано да се менува Законот за безбедност во сообраќајот за да се пролонгира рокот на важење на старите возачки дозволи, затоа што и ако се сменел претходно, секако ќе почнел да важи од денеска.

Денеска истече рокот на важење на патните исправи со името Република Македонија и граѓаните со стар пасош не можат да ја напуштат државата. Ќе истечеше и рокот на возачките дозволи со старото уставно име, ама вчера во Собранието со законски измени експресно беше пролонгиран рокот на замена на дозволите до крајот на 2024 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот