Костадиновска-Стојчевска ќе присуствува на Генералната конференција на УНЕСКО во Париз

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, денеска и утре ќе биде во работна посета на Париз каде што ќе присуствува на 42. сесија на Генералната конференција на УНЕСКО.

Костадиновска-Стојчевска на Генералната конференција на УНЕСКО ќе се обрати утре во претпладневнатa сесија, додека, пак, денеска, во делот на обраќањата на протоколарните гости пред почетокот на Дебатата за генерални политики на УНЕСКО, свое обраќање ќе има премиерот Димитар Ковачевски.

Пред почетокот на денешната сесија, министерката за култура Костадиновска-Стојчевска и премиерот Ковачевски ќе остварат средба со генералната директорка на УНЕСКО, г-ѓа Одре Азуле.

На маргините на Конференцијата, министерката за култура ќе се сретне со својот бугарски колега, министерот за култура Крастју Крастев.

Четириесет и втората сесија на Генералната конференција се одржува од 7 до 22 ноември 2023 година, а учествуваат државите членки, придружните членки, државите набљудувачи, посебните органи, програми и специјализираните агенции во системот на Обединетите нации, меѓувладини организации и сите меѓународни невладини организации со највисок статус при УНЕСКО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот