Косовскиот министер за здравство: Нема потреба од паника, пациентката најверојатно нема коронавирус

Според информациите, се работи за државјанка на Велика Британија, која што работи во Косово.

Во Инфективната универзитетска клиника во Косово е примена пациентка, за која постои сомнеж дека е заразена од коронавирус. Според информациите, се работи за државјанка на Велика Британија, која што работи во Косово, јавуваат косовските медиуми.

Пред некое време, таа престојувала во еден Ски центар надвор од Косово, каде што дознала дека пет лица биле заразени од коронавирус.

-Таа во моментот кога прочитала дека пет лица се заразени, почнала да кашла лесно, но без температура и други симптоми, и се упатила во Инфективната клиника за да направи контрола – изјави косовскиот министер за здравство, Арбен Витиа, пренесе Телеграфи.

Според него, се чини дека сепак жената не е заразена од коронавирус.

– Околу полноќ треба да ги имаме резултатите, и најверојатно резултатот нема да биде позитивен, значи нема потреба од паника -, изјави Витиа.

Пациентаката е изолирана се додека не бидат објавени резултатите.

 

Фото: Gazetaolle

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот