Косовската царина спроведува акција во повеќе аптеки во Приштина, бара дрога

апчња
Апчиња , Фото: Илустрација

Косовската царина спроведува акција во пет аптеки во Приштина, под сомнение за шверц на дрога и нивна продажба. Ова го потврди портпаролот на косовската царина Адриатик Ставилеци.

Да, акција се одвива на повеќе локации во Приштина, односно во 5 аптеки“, потенцира Ставилеци за Коха.

Косовската царина пред два дена во регионот на Приштина спречи уште еден случај на шверц на дрога од Албанија и Србија.

„Во регионот на Приштина, косовската царина, поддржана од косовската полиција, запре сомнително возило. Во овој случај откриена е значително количество дрога шверцувана од Албанија и Србија“, се вели во соопштението.

Понатаму, беше речено дека шверцуваната стока е одземена, а против лицата инволвирани во овој прекршок е поведена судска постапка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот