Косово: Службениците на ЦИК остануваат во болница, се чекаат лабораториските резултати

Клан Косова

Директорката на Инфективната клинка во Приштина, Линдира Ајазај-Бериша даде нови детали околу здравствената состојба на службениците од Централната изборна комиција на Косово, за кои постои сомнеж дека имаа алергиска реакција од пликоата со гласовите од Србија.

– Сите пациенти ја имаат неопходната професионална медицинска грижа од Инфективната клиника. Во моментов ги очекуваме резултатите на примероците кои се земени – изјвила таа.

Ајазај-Бериша додаде дека до пристигнувањето за резултатите треба да се чека најмалку 48 осум часа, пренесува Клан Косова.

– По земањето на анамнезата од овие пациенти,  некои рекоа дека имале повраќање, некои проблеми со дишењето, а некои промени на кожата во форма на црвенило или чешање – но сè уште нема други податоци – изјавила Ајазај-Бериша.

Директорката информирала дека во Инфективната клиника во моментов се третираат 11 пациенти од овој случај, девет жени – две од кои бремени, како и двајца мажи.

– Пациентите треба да останат во клиниката, треба да бидат под надзор и во моментот кога ќе видиме дека нивната здравствена состојба е во ред, тие ќе бидат пуштени на домашно лекување – објаснува таа.

Таа додаде дека денеска добиле мислење и од гинеколог, кој им кажал дека здраствената состојба на бремените жени и на децата е добра.

Вчера за време на броењето на пристигнатите гласови од Србија, службениците на ЦИК се пожалиле на силна миризба што пристигале од пликоата. Поради ова, одложена е верификацијата на овие гласови и другите гласови од дијаспората, а тие денеска биле испратени од Министертсвото за инфраструктура во Центарот на броење и резултати, пренесува Косовапрес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот