Косово е една од темите на разговор меѓу Бајден и Мелони, кои повикаа на деескалација и помирување во регионот

Џорџа Мелони/ Фото EPA-EFE/KHALED ELFIQI

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден, вчера во Белата куќа ја прими италијанската премиерка Џорџа Мелони, а по средбата беше објавено и заедничко соопштение во кое, меѓу другото, се зборува и за Западен Балкан и за ситуацијата на Косово , пренесува Репортерс.
Бајден и Мелони повикаа на деескалација и помирување во регионот на Западен Балкан, нагласувајќи дека САД и Италија ќе ја зголемат координацијата за таа цел.

„САД и Италија ја потврдуваат својата заедничка посветеност на безбедноста, стабилноста и просперитетот на Западен Балкан и нивната долгорочна поддршка за евроатлантската интеграција на регионот. Тие се решени да ја зајакнат координацијата за да се залагаат за деескалација и помирување врз основа на клучната улога на Quinta“, се вели во соопштението.

Се додава дека САД ја поздравуваат посветеноста на италијанската влада на Западен Балкан, вклучувајќи го и придонесот на италијанските вооружени сили во мисиите КФОР, ЕУЛЕКС и ЕУФОР. На средбата се разговарало и за војната во Украина. Италијанската премиерка рече дека е „горда“ на активностите на Италија во помагањето на Украина.

Од друга страна, Белата куќа го смета премиерот на Италија за силен партнер во помошта што и ја дава на Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот