Косовец уапсен на Богородица, имал фалсификувана германска возачка дозвола

Граничен премин Табановце / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Вчера на граничниот премин Богородица, полиција привела косовски државјанин кој при контрола дал фалсификувана германска возачка дозвола, а дозволата за престој била со изминат рок.

„На 19.10.2023 во 20.30 часот на Граничен премин Богородица, полициски службеници го лишиле од слобода С.А.(35) од Косово затоа што при контролата на увид дал фалсификувана германска возачка дозвола, а македонската дозвола за привремен престој на странец била со изминат рок на важење“, информираат од МВР.

Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка, за настанот бил известен јавен обвинител.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот