Koшарката ќе лета од Олимписките Игри во 2028 година

Еден од најстарите и најмасовни спортови, кошарката, можно е во блиска иднина да не биде дел програмата на Олимписките игри. Планот на челниците на ИОК е кошарката да ја заменат со баскетот 3х3 кој ќе дебитира на Олимписките игри во Токио идната година.

Според еден од челниците на литванската 3х3 федерација, Роландс Скаисгирис, ИОК планира од 2028 година да ја укине кошарката од ОИ. Скаисгирис открива дека првиот чекор е направен во 2017 година кога уличната кошарка, популарниот баскет 3х3, доби зелено светло да влезе во програмата на олимписките спортови.

– Веројатно од неколку причини кошарката ќе ја снема од ОИ и ќе биде заменета со спортот кој станува се помасовен и се попопуларен во светот, уличниот баскет 3х3 – изјави Скаисгирис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот