Коронавирусот „цвета“ во Штип: Заразени 12 здравствени работници, вработен во градинка и едно лице од администрација

градинка

Вкупниот број на заразени лаборанти, лекари и медицински сестри изнесува 12.

Во штипската градинка „Вера Циривири-Трена” има позитивен случај на коронавирус. Станува збор за вработен од техничкиот персонал, информираше денеска вршителот на должност градоначалник на Општина Штип, Јане Миланов.

Тој истакна дека во тек е епидемиолошката анкета меѓу вработените во градинка, со цел да се спречи ширењето на заразата.

– Точно е дека коронавирусот е влезен и меѓу општинската администрација, имаме еден позитивен, а неколкуминива вработени се во изолација, вели Миланов.

Тој истакна дека поради владините мерки и насоки, општинската администрација почна да работи и по системот на ротации, а оние вработени кои можат да ги извршуваат работите од дома, тоа го прават онлајн.

Во штипската Клиничка болница зголемен е и бројот на позитивни случаи на Ковид-19 меѓу здравствените работници.

Потврдени се дополнително уште двајца заразени лаборанти, со што во ова одделение бројката на позитивни лаборанти се искачи на шест, а осумина се во изолација. Вкупниот број на заразени лаборанти, лекари и медицински сестри изнесува 12.

Во моментов на Инфективното одделение хоспитализирани се 49 пациенти, од кои над половината се на кислородна поддршка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот