Короната за седум дена однесе 5 животи во ова семејство: Агонијата почна од семејна веселба од каде вирусот ги покоси еден по друг (ВИДЕО)

Фото: Screenshot/YouTube

Џо Фуско е бесен на сите кои вирусот не го сфаќаат сериозно.

„Секое утро се будиме со згрчени прсти, вкочанети како канџи, а нашиот дневен распоред го диктираат закажани прегледи кај лекари, терапии и ниво на умор кој ќе не стигне. Некои од нас не можат да се вратат на работа зошто се уште се исцрпени, што значи дека и нам приходите ни се значително намалени“.

Вака денеска изгледа ситуацијата во семејството Фуско во Њу Џерси кои веќе изгубија пет членови од коронавирусот и кои се во агонија последните три месеци. Животот ги загуби мајката, три деца и тетката. Уште најмалку 19 членови од семејството се заразени.
Џо Фуско (49) помина 30 дена на респиратор и изгуби околу 30 килограми. Неговата сестра Марија (44) 20 дена помина во кома во која имала халуцинации кои и ден денес ја следат. Кога се разбудила дознала дека нејзината 10-годишна ќерка починала.

Сега велат, дека сакаат да им помогнат на луѓето зошто не сакаат никој да поминува низ она што тие поминуваат, па сите учествуваат во различни клинички студии и испитувања.

Секој четврток така Елизабет Фуско, најмладата од 11-те деца, донира плазма која потоа им се дава на инфицирани пациенти со надеж дека ќе им се засили имунолошкиот одговор.

„Знаеме дека ќе се случи втор бран, тоа е неизбежно. Сакам да му помогна на секого на кого можам“, вели таа.

Инаку, на 13. март Рита Фуско (56) стана второ лице кои почина од вирусот во Њу Џерси. До денеска има речиси 15.000 мртви.

Недела дена подоцна, нејзината мајка Грејс (73) и двајцата браќа Кармин (55) и Винсент (53) исто така починаа. Недела дена подоцна им почина уште една сестра.

Нивната приказна се стои и како важен потсетник за почитувањето на мерките за физичка дистанца, зошто едно големо семејно собирање им го разнесе вирусот по семејството.

Џо Фуско уште утрото по собирот почувствувал дека му е лошо. По неколку дена завршил во болница и неговата борба траела 44 дена.

И Елизабет Фуско (42) и нејзината ќерка се заразиле, но за среќа немале симптоми. Стравот, меѓутоа, бил неизбежен. Нејзината ќерка е хронично болна. а веќе изгубиле бројни членови од семејството и многумина биле на респиратор.

„Лушето му говореа да се смирам. Како тоа да му го кажете на некој кој изгубил мајка, сестра, двајца браќа во рок од 7 дена?“, вели таа.

Во ова семејство многу случаи на инфекции немале смисла. Еден роднина, пушач, немал никакви симптоми. Двајца вујковци, во години и со низа болести, се опоравиле многу брзо. Други членови од семејството кои немале никакви хронични болести завршиле на респиратор.

Џо Фуско е бесен на сите кои вирусот не го сфаќаат сериозно.

„Ме застрашуваат сите кои не се придржуваат до мерките, не носат маски, не одржуваат дистанца“, вели.

Докторите кои го следат ова семејство велат дека опоравувањето е долго. Треба повторно да се зајакнат мускулите додека и натаму се борат со низа респираторни, срцеви и бубрежни проблеми. Покрај тоа, тие се во поголем ризик од шлог и тромбови. Оние кои биле на респиратор често се соочуваат и со депресија. Оние кои биле во индуцирана кома ги загубиле мускулите во рацете, поради што им се згрчуваат прстите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот