КОРОНА-ИДИОТ: Напаѓачот на Евертон си направил домашна забава со танчерки

twitter.com/Everton

Челниците на Евертон се огласија веднаш откако се појави снимка на Инстаграм од забава која ја организираше Моизе Кин иако според британската влада за време на пандемијата на коронавирусот мора да се почитуваат мерките за социјално дистанцирање.

По дефанзивецот на Манчестер сити, Кајл Вокер, во англискиот фудбал се појави уште еден „корона-идиот“, напаѓачот на Евертон, Моизе Кин.

Младиот 20-годишен Кин, во својот апартман организирал домашна забава иако на сила во Англија се строги мерки за социјално дистанцирање и карантин.

На видеото кое се појави на социјалните мрежи може да се види како неколку модели танцуваат пред Кин и неговите пријатели, а веднаш со реакција се јави и неговиот клуб.

„Евертон е шокиран од сознанието дека нашиот фудбалер ги игнорирал препораките на нашата влада за коронавирусот. Клибот е разочаран од постапките на својот фудбалер. Труфот кој го вложуваат здравствените работници во ова време е за восхит и почит, а единствен начин да им се помогне е да се следат нивните препораки“, стои во соопштението на Евертон кој исто така најави драконска казна за својот играч.

Моизе Кин е 20-годишен напаѓач кој минатото лето за сума од 30 милиони евра од Јувентус премина во Евертон.

– Моизе и неговите пријатели очигледно е дека сметале дека правилата не се однесуваат на нив. Забавата била „дива“ и траела до утринските часови. Ѕвездите во Премиер лигата имаат огромни плати и не работат, а тоа сигурно дека ги лути обичните луѓе кои во овие кризни времиња остануваат без работа или им ги кратат мизерните плати. Зарем фудбалерите мислат дека се над законот? – изјави пријател на Кин, кој е бесен од неговата постапка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот