Корисниците на Твитер гласаат дали Маск треба да остане извршен директор на компанијата

Илон Маск Твитер/ Фото: Peter Kov / Alamy / Alamy / Profimedia

Милијардерот Илон Маск објави анкета на Твитер во која ги прашува корисниците дали треба да се повлече од функцијата извршен директор на компанијата и побара од луѓето да гласаат. Тој порача дека ќе се придржува до резултатите од анкетата.

Во неколку објави по анкетата, Маск посочи дека е сериозен околу повлекувањето од функцијата шеф на компанијата, но не е јасно каква ќе биде иднината на Твитер доколку тој се повлече од функцијата извршен директор.

„Како што вели поговорката, внимавајте што посакувате затоа што може да се оствари”, напиша Маск на Твитер.

Тој ја објави анкетата синоќа, а позитивно се изјаснија 58 отсто од анкетираните.

Откако го купи Твитер за 44 милијарди долари и ја презеде функцијата извршен директор на крајот на октомври, Маск отпушти неколку директори и околу половина од вработените. На преостанатите работници им даде ултиматум дека „мора да работат многу напорно или да заминат”. Потоа уште илјада вработени го напуштија Твитер. Исто така, Маск ги отпушти вработените кои отворено не се согласуваа со него.

Маск на Твитер зборуваше за слободата на говорот, поради што дозволи некои луѓе повторно да го имаат нивниот Твитер профил, како што е поранешниот американски претседател Доналд Трамп и „други луѓе кои ширеа лажни вести на социјалните мрежи”.

Во меѓувреме, брендовите почнаа да ги отстрануваат своите реклами од Твитер. Милијардерот и претходно често изјавуваше дека финансиите на Твитер се лоши, а анкетата што ја објави, како што наведуваат агенциите, можеби е показател дека Маск не е целосно задоволен од она што го прави во компанијата како извршен директор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот