Бед Бани - Фото: EPA/CAROLINE BREHMAN

Конзервативците возвраќаат: Организираат сопствено Супербол шоу поради Бед Бани

Конзервативната организација „Тернинг Поинт САД“ најави дека ќе подготви свое шоу за полувремето на Супербол, како алтернатива на официјалниот настап на порториканскиот уметник Бед Бани, кој е најавен како главна ѕвезда на настанот следната година. Потегот доаѓа како реакција на одлуката на Националната фудбалска лига (НФЛ), што предизвика поделени мислења во американската јавност.

Додека милиони со нетрпение го очекуваат Супербол, кој ќе се одржи во февруари 2026 година на стадионот „Левајс“ во Калифорнија, одлуката на организаторите да го ангажираат Бед Бани наиде на критики од десницата. Меѓу најгласните беше и поранешниот претседател Доналд Трамп, кој изборот го нарече „безумен“.

„Тернинг Поинт САД“ преку објава на социјалната мрежа Икс (поранешен Твитер) потврди дека нивното шоу, со наслов „Сèамериканско шоу за полувреме“, ќе биде посветено на вредностите на верата, семејството и слободата.

„Точно е – ‘Тернинг Поинт САД’ со возбуда го најавува ‘Сèамериканското шоу за полувреме’. Изведувачите и деталите за настанот ќе бидат објавени наскоро“, стои во нивната објава.

Критиките кон пејачот се засилија откако тој одлучи својата турнеја да не ја одржи во САД, изразувајќи страв дека Американската служба за имиграција и царина би можела да ги таргетира посетителите на неговите концерти.

Министерката за домашна безбедност Кристи Ноем потврди дека агенти на Американската служба за имиграција и царина ќе бидат присутни на Супербол.

„Имам одговорност да обезбедам секој што доаѓа на Супербоул да може да ужива и безбедно да си замине – тоа е суштината на Америка. Затоа, да, ќе бидеме присутни насекаде и ќе го спроведуваме законот“, изјави таа за поткастот „Бени шоу“.

Бед Бани се осврна на критиките за време на гостувањето во емисијата „Сатердеј најт лајв“ минатата сабота.

„Ќе настапувам на полувремето на Супербол и многу сум среќен поради тоа“, рече тој пред публиката, а потоа саркастично додаде: „И мислам дека сите се многу среќни поради тоа. Дури и ‘Фокс њуз’.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот