Кон крајот на октомври можна масовна вакцинација против ковид-19 во Русија

Вакцинирање / Фото: Министерство за одбрана на Русија

Масовната вакцинација против новиот коронавирус во Русија може да почне веќе на крајот на октомври, изјави денес Фјодор Лисицин од Националниот истражувачки институт за епидемиологија и микробиологија на руското Министерство за здравство, „Гамалеја”.

Лисицин објасни дека третата фаза од тестирањето на вакцината Спутник V треба да заврши до крајот на октомври.

– Масовната вакцинација ќе почне веднаш штом ќе заврши третата фаза. Се надевам дека ќе биде успешна, рече Лисицин во интервју за телевизијата Русија-24.

Тој додаде дека организирање на производство за вакцини се разгледува заедно со странски партнери.

– Фармацевтските компании во Индија се способни да произведат доволно вакцини за половина од планетата, доколку работат со полн капацитет, рече Лисицин.

На 11 август Русија ја регистрираше првата вакцина во светот против коронавирусот. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот