Комората на угостители до утре очекува покана за средба од Владата

Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Независната угостителска комора со дел од здруженијата на угостители очекува до утре да добие покана од Владата за итна средба на која би се разговарало за новите рестриктивни мерки и за добивање директна финансиска помош за овој сектор.

Во денешното соопштение наведуваат дека не сакаат празни ветувања од министри, туку конкретни владини мерки за надомест на штетите и загубите. Напоменуваат дека ќе ги запазат сите законски права и процедури во остварувањето на нивните права за поднесување на надоместок на штета не само за последните рестриктивни мерки туку и за претходно донесените.

– Како што напоменавме во нашите минати соопштенија и изјави, овојпат законски ќе побараме сериозна одговорност и образложение на Комисијата за заразни болести од која ќе побараме да ни ги достави записниците од состаноците со сите образложенија зошто се овие мерки селективни и дискриминирачки и зошто додека на едни (угостителите) во континуитет им се ограничуваат и скратуваат правата за работа со препораки преку Владини одлуки на други им се даваат само препораки со што преќутно им се овозможува да прават што сакаат и притоа да не сносат никакви последици и консеквенции од своето работење, се вели во соопштението.

Од Комората се надеваат дека Владата ќе ги послуша барањата на, како што велат, 6.500 угостителски објекти и 35.000 илјади вработени.

ВИДЕО I Јосифовски од НУК: Новите мерки ќе значат колапс за угостителите, владата мора да донесе нови

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот