„Комити“ до Арсовска и Славевски: Исплатете ги парите за ФК Вардар или ќе ја радикализираме борбата

Фото: ФК Вардар

Навивачката група на ФК Вардар, „Комити“ побара финансиските средства кои се намети за ФК Вардар градот да ги исплати најдоцна за 48 часа, во спротивно најавија радикализација.

Градот Скопје пред повеќе од три месеци изгласа парична помош за ФК Вардар, но и покрај поминатото долго време парите се уште не се уплатени на сметката на клубот.

Денес навивачите испратија апел до градоначалничката Данела Арсовска и претседателот на своетот на Град Скопје, Трајко Славевски.

„Упатуваме апел до претседателот на советот на Град Скопје, Трајко Славевски и градоначалничката Данела Арсовска, финансиските средства наменети за ФК Вардар, изгласани едногласно уште на 20.07.2023 да бидат доделени веднаш. Немате повеќе време за чекање!

Вашата пасивност во однос на ФК Вардар и меѓусебното префрлање на одговорноста, се недозволиви. Никогаш нема да прифатиме, било кој да има таков однос кон клубот на народот. Затоа, упатуваме јасно барање – постапете веднаш!

Доколку за 48 часа не постапите и не ја спроведете одлуката, најавуваме радикализација на борбата.

Не дозволувајте да бидете запомнети како луѓе кои свесно или несвесно го саботирале клубот на народот. Не дозволувајте повторно да треба да се огласиме по однос на ова прашање“, стои во објавата на Комити.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот