Колку реално партиите можат да добијат двотретинско мнозинство?

Фото: Слободен печат

Според аналитичарот Алберт Муслиу во моментов политичка поставеност на македонската политичка сцена барањето го прави нереално.

И СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ на изборите на 12 април од граѓаните бараат победа. И двајцата лидери Зоран Заев и Христијан Мицкоски типуваат на број од 61 пратеник. Дали и колку е остварлива ваквата желба.

Според аналитичарот, Алберт Муслиу во моментов политичка поставеност на македонската политичка сцена барањето го прави нереално.

– За да освои една политичка партија 61 пратеник другата страна треба да има 38, а толкава разлика во бројки во анкетите нема. Анкетите не покажуваат разлики од над 20 пратеници меѓу едната и другата страна. Во македонскиот плурализам само во 1994 и 2014 се случило партија да освои толку гласови. Теоретски е возможно СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ заедно со помалите етнички заедници да освојат толкав број на пратеници, но практично не. Во таков случај другата страна ќе мора да има 15 или 16 пратеници, затоа што албанските партии земаат минимум 20 пратеници- вели Муслиу.

Иако експертите велат дека партиите тешко можат да обезбедат 61 пратеник за изборна победа, партиските лидери ги повикуваат граѓаните на изборите да им обезбедат дури двотретинска победа, односно 80 пратеници.

Опозицискиот лидер Христијан Микоски речиси во секој јавен настап вели дека на овие избори очекува двотретинско мнозинство за може да го смени Преспанскиот договор, бидејќи бил предавнички и дека имал математики како да се исправи „грешката“ на Заев и Димитров.

-Ние сме тука да ги репреговараме и да ги вратиме. Јас сум подготвен со секого да разговарам, немам никаква дилема. Јас сум на браникот на одбрана на македонските национални интереси и интересите на македонската држава и не се повлекувам од таа точка. Ако имаме двотретинско мнозинство и пратеници од другите етнички заедници, се отвора можност за враќање чекор наназад, во спротивно нѐ чека многу работа- вели Мицкоски.

Според Муслиу формирање на двотретинско мнозинство во Собранието во праксата се покажало како возможно. Последниот парламентарен состав изгласа закони со двотретинско мнозинство, (Законот за јавното обвинителство), без гласовите на ВМРО-ДПМНЕ, но, за смена на Преспанскиот договор Муслиу вели дека е потребно многу повеќе, бидејќи тешко дека Грчката страна би се согласила „нам да ни е нешто подобро а нив не“.

-Но, ако зборуваме за смена на Преспанскиот договор, тоа подразбира и бадентерово мнозинство, што значи и да се има двотретинско мнозинство тешко дека албанските партии ќе се прифатат негова смена, без претходно да има согласност на грчката стана- вели Муслиу.

И лидерот на СДСМ, Зоран Заев бара двотретинско мнозинство, за како што вели, да може да го оствари ветеното – интеграција во ЕУ и НАТО.

– Ветивме подобар живот, ветивме правда, правичност и силна правна држава. Покажавме пред граѓаните, пред меѓународните партнери дека имаме демократски капацитет да создаваме силни и независни институции. Со ова не само што чекориме кон правда, забрзано чекориме кон интеграција во ЕУ- вели Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот