Која е причината за нередите во Казахстан и зошто Русија испраќа свои војници?

Немири во Казахстан . EPA-EFE/IGOR KOVALENKO

Безбедносните сили во Казахстан соопштија дека убиле десетици демонстранти во главниот град Алмати за да ги смират масовните немири.

Војници од други земји, вклучително и Русија, се испратени да помогнат во стабилизирањето на земјата.

Казахстан илустрација
istockphoto

Каде е Казахстан и каква земја е тоа?

Казахстан е огромна земја, со големина на Западна Европа, која се наоѓа во Централна Азија и се граничи со Русија и Кина. Се состои главно од планини и суво степско земјиште, со население од само 19 милиони луѓе. Со независностсе стекна во 1991 година, по распадот на Советскиот Сојуз.

Каахстан немири EPA-EFE/STR

Што се случува во Казахстан?

Демонстрациите започнаа на 2 јануари во градот Жанаозен, нафтен центар и место на жестоки судири меѓу демонстрантите и полицијата пред нешто повеќе од 10 години.

Протестите потоа се проширија во остатокот од земјата. Безбедносните сили велат дека убиле бунтовници во градот Алмати во обид да воспостават ред. Од полицијата велат дека демонстрантите се обиделе да преземат контрола над полициските станици во градот, пишува Би-Би-Си.

Претседателот Касим-Жомарт Токаев обвини дека „20.000 бандити“ го нападнале Алмати и дека им рекол на безбедносните сили „да пукаат без предупредување“.

Се наведува дека ширум земјата се повредени околу 1.000 лица, а 400 се згрижени во болница. Повеќе од 3.000 луѓе се уапсени, соопшти Министерството за внатрешни работи. Прогласен е полициски час, а масовните собири се забранети.

Каахстан немири EPA-EFE/STR

 

Која е причината за немирите?

Протестите започнаа кога владата ја укина ограничувањето на цените на течниот нафтен гас (ТНГ). Многу Казахстанци ги претворија своите автомобили да користат ТНГ бидејќи беше поевтин од другите горива.

Сепак, владата соопшти дека ограничувањето на цената довела до недостиг на ТНГ и дека повеќе не може да си дозволи да го зголеми снабдувањето.

Се чини дека демонстрантите имаат други негодувања . Некои го извикуваа името на вечниот казахстански лидер Назарбаев и се обидоа да ја урнат неговата бронзена статуа. По повлекувањето од претседателската функција, Назарбаев продолжи да има силна позиција во владата како претседател на Советот за безбедност на Казахстан.

Тој, исто така, се чинеше дека ја подготвува својата ќерка Дариг за иден лидер, велат добрите познавачи на политичките прилики во Кзахстан . Со цел да се смират демонстрантите, Назарбаев беше сменет од функцијата.

казахстан руски војници EPA-EFE/Kyrgyz Republic General Staff / HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Каков е ангажманот на  Русија во Казахстан?

Руски падобранци беа испратени во Казахстан на барање на казахстанскиот претседател за да помогнат во „стабилизацијата“ на земјата. Тие беа испратени под покровителство на Организацијата на Договорот за колективна безбедност (CSTO). Станува збор за група земји составена од Русија, Казахстан, Белорусија, Таџикистан, Киргистан и Ерменија, кои влегоа во сојузништво по распадот на Советскиот Сојуз.

ОДКС, со која во моментов претседава Ерменија, за проблемите во Алмати ја обвини „инвазијата на бандити формирани од странство“. Се проценува дека 2.500 војници биле испратени во Казахстан, од други земји на ОДКБ, но најмногу од Русија.

ОДКС вели дека војниците се мировници кои ќе ги штитат државните и воените објекти како што се гасоводот, руските воени бази и руската вселенска станица на Бајконур.

Каахстан немири EPA-EFE/STR

Што е следно?

Владата на Казахстан прави отстапки. Таа го одложи укинувањето на ценовниот лимит на ТНГ – наложи шест месеци да се регулираат цените на сите горива за возилата. Сменети се и министри. Претседателот Касим-Жомарт Токаев рече дека владата не успеала да спроведе „една од нејзините главни задачи – да ја држи инфлацијата под контрола“.

Сепак, дури и ако безбедносните сили ги задушат протестите во Алмати, тие би можеле да потраат подолго во Жанаозен, сметаат аналитичарите

Градот има историја на антивладини штрајкови и демонстрации. Во меѓувреме, Соединетите Држави јавно побараа одговор на прашањето дали војниците на ОДКБ се легитимно поканети во земјата. Белата куќа соопшти дека ќе го следи секое кршење на човековите права и какви било дејствија што би можеле да доведат до „окупирање на институциите на Казахстан“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот