Кој збор никогаш не смее да го каже кралската дадилка пред Џорџ, Шарлот и Луис? Правилото е јасно и мора да се почитува

Фото: Принтскрин/Инстаграм/ CJACKSON/KEN GOFF ROTA/GOFFPHOTO / GOFF PHOTOS / PROFIMEDIA

Дадилката на кралското семејство Марија Тереза Турион Борало се школувала на престижен универзитет за дадилки, а во рамките на својата обука научила и дека на децата никогаш не треба да им се обраќа само со еден збор. Таа е дадилка на кралските деца и со самото тоа една од најблиските соработнички на принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон, а за да ја добие оваа работа морала да покаже завидно знаење и вештини за воспитување на децата.

Марија Борало се школувала на престижниот Универзитет Норланд колеџ, наменет специјално за образование на висококвалификувани дадилки. Во рамките на својата обука добивала строги упатства кога станува збор за грижата и воспитувањето на кралските деца.

Фото: CHRIS JACKSON/ PA IMAGES/ PROFIMEDIA

„На овој начин се искажува почит кон децата“, вели Луиз Херен, авторка на книгата за животот на кралското семејство, која додала дека во ретки ситуации, дадилките можат да им се обраќаат на децата со зборот „children“ што во превод значи исто што и „kids“ односно „деца“, но е поформален збор.

Така што, помеѓу другото, Марија научила дека децата никогаш не треба да ги ословува со зборовите „малечки“ или „деца“, туку секогаш треба да ги ословува со нивните вистински имиња.

„Марија можеби изгледа малку застрашувачки со својата кафеава униформа, шешир и бели ракавици, но нејзиниот однос со најмладите членови на кралското семејство е неприкосновен. Таа е многу среќна со децата и нивното воспитување го смета за своја најголема задача“, додала Луиз Херен.

Фото: CJACKSON KEN/ GOFF ROTA/ GOFFPHOTO/ GOFF PHOTOS/ PROFIMEDIA

Исто така, времето за спиење на кралските деца почнува во 19 часот, открила Луиз, а на секои неколку дена се воведуваат нови јадења и вкусови по нејзините совети. Меѓу другото, она што е особено важно е дека времето за игра секогаш се одвива надвор – без оглед на тоа дали врне или е сончево.

„Многу возење велосипед, играње со кучињата, градинарство… Марија навистина сака да ги подучува децата низ игра“, додала Луиз, пишува „Сан“.

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот