Kога не треба да плаќате со картичка: Финансиски експерти откриваат 5 случаи кога треба да користите готовина

Фото: Пекселс/ karolina-grabowska

Користењето готовина може да ви помогне поефективно да ги планирате вашите дневни трошоци, но и да избегнете измами.

Во денешно време, повеќето од купувањата што ги правиме можеме да ги платиме со картичка или дури и со само еден допир на телефонот. Сепак, финансиските експерти советуваат секогаш да носите барем малку готовина со себе – па дури препорачуваат секогаш да ја користите за одредени набавки.

Експертите откриваат 5 ситуации кога би требало да плаќате со готовина, пишува порталот „Бест оф лајф онлајн“ (Bestlifeonline).

1. Работи што можете да ги вратите

Ако знаете дека на крајот би можеле да вратите нешто што сте го купиле, секако користете готовина, советува Стивен Холмс, финансиски експерт и виш инвестициски советник во iCash.

Според Холмс, многу луѓе се откажуваат од пробувањето облека во продавница и наместо тоа купуваат две или три големини од иста кошула или панталони, ги пробуваат дома и ги враќаат големините што не им се потребни. Но, веројатно ќе мора да почекате за да си ги вратите парите ако сте платиле со нешто друго освен со готовина. Повеќето продавници автоматски ќе ви ги вратат парите според оригиналниот начин на плаќање што сте го користеле за купување.

– Парите ќе биде вратени на вашата кредитна картичка ако сте ја користиле, а парите не секогаш се појавуваат на вашата сметка неколку дена. Но, ако вашата сметка покажува дека сте купиле со готовина, продавницата ќе ви ја врати истата сума. Плаќањата во готовина се враќаат веднаш по враќањето на производот – објаснува Холмс.

2. Купувања што ги правите додека патувате

Кога ќе одлучите да се почестите со нешто на одмор, користењето готовина може да ви помогне да избегнете некои сериозно шокантни трошоци. Картер Сеут, финансиски советник и главен извршен директор на Кредит самит (Credit Summit), вели дека е попаметно да се плаќа со готовина кога патувате, бидејќи плаќањето со картички може да ви донесе дополнителни трошоци.

– Ако се наоаѓате во друга земја, користењето на кредитна картичка може да ви наплати поголеми такси за странска трансакција – предупредува тој.

Користењето готовина, исто така, може да ве спречи случајно да претерате во трошењето додека патувате, вели Сеут.

– Ако одите на одмор и сакате да потрошите само одредена сума, тоа при плаќањето со готовина може да ви помогне да ги исполните вашите буџетски цели, односно износот што сте го планирале да го потрошите – објаснува финансискиот советник.

3. Вашата мала секојдневна потрошувачка

Меѓутоа, готовината не треба да биде само ваша валута кога патувате. Исто така, треба да го користите овој начин на плаќање за многу од вашите секојдневни трансакции, вели Мајкл Колинс, ЦФА, професор по финансии на колеџот Ендикот во Беверли, Масачусетс.

– Малите купувања, како намирници, треба да ги правите со готовина. Тоа е затоа што износот на парите што се разменува е минимален, а употребата на готовина ги одвраќа луѓето од импулсивно купување – вели тој.

Користењето готовина може да ви помогне поефикасно да ја планирате својата секојдневна потрошувачка и да ве спречи да претерате во трошењето.

– Исто така, важно е да се користи готовина за мали купувања за да се избегнат таксите за пречекорување поврзани со дебитни и кредитни картички – додава Колинс.

4. Купување користена / second hand стока од онлајн продавачи

Онлајн пазарите како Фејсбук или Креглист (Craigslist) можат да бидат одличен начин луѓето да заштедат на скапи производи со тоа што ќе ги купат користени од некој друг. Но, Џејк Хил, финансиски експерт и извршен директор на „ДепХамер“ (DebtHammer), предупредува да не се користат никакви начини на плаќање за такви трансакции.

– Купувањето преку огласи или големи набавки преку непознати секогаш најдобро се прави со готовина. Давањето чувствителни информации на луѓе што не ги познавате никогаш не е добра идеја – вели Хил.

5. Гориво

Следниот пат кога ќе плаќате гориво, посегнете по готовина наместо по картичка, советува Бил Рајс, овластен финансиски консултант и советник на управате во Фиона.

– Можеби сте забележале дека повеќето бензински пумпи нудат попуст за готовински плаќање – вели тој.

Како што понатаму објаснува Форбс, пумпите означуваат повисоки цени за плаќање со картички за да се надоместат провизиите за трансакциите на банките и компаниите за картички. Разликата може да биде и до 40 центи, па „при плаќање гориво најдобро е да платите во готово за да ги искористите попустите“, советува Рајс.

Вилијам Бевинс, ЦФП, овластен финансиски советник со седиште во Френклин, Тенеси, вели дека плаќањето во готово исто така може да ве спречи да бидете измамени додека точите бензин во автомобилот.

– Криминалците ги користат бензинските пумпи опремувајќи ги со злонамерни уреди познати како „скимери“, кои можат да се користат за кражба на податоците од вашата кредитна картичка без вие тоа воопшто да го знаете – предупредува Бевинс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот