Кога не му оди на Реал тука е Бензема

фото: EPA-EFE/Chema Moya

Фудбалерите на Реал Мадрид со минимални 1:0 славеа во градската пресметка против Рајо Ваљекано во рамки на 26 коло во Ла Лига.

Единствениот гол на натпреварот го постигна Карим Бензема во 89 минута по додавањето на Винисиус Жуниор. Ова беше 19 гол за Бензема во Ла Лига. Претходно, во 39. минута му беше поништен гол на Каземиро поради офсајд.

Со новите три бода, Реал сега има 60 бодови и е лидер на табелата, додека Севиља која е втора има 51 бод и натпревар помалку. Рајо кој го доживеа петтиот пораз по ред е 12 на табелата со 31 освоен бод.

Голманот на македонската репрезентација, Столе Димитриевски натпреварот го проследи од клупата за резервни играчи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот