Книга од 1981 година предвиде дека коронавирусот ќе започне од Вухан

Фото: Фејсбук

Во последниве денови, корисниците на интернетот станаа фасцинирани од фактот дека ваква болест се споменува романот „Очите на темнината“ на американскиот писател, Дин Кунц, пренесува „Машибил“.

Во книгата се споменува дури и градот Вухан, епицентарот на епидемијата со коронавирус.

Озлогласениот коронавирус (Ковид-19), од кој се заразени повеќе од 75.600 лица, зеде 2.126 животи досега.

Во последниве денови, корисниците на интернетот стана фасцинирани од фактот дека ваква болест се споменува романот „Очите на темнината“ на американскиот писател, Дин Кунц, пренесува „Машибил“.

Луѓето на социјалните мрежи почнаа да објавуваат цитати од оваа книга, тврдејќи дека Кунч ја предвидел епидемија на овој вирус, особено затоа што тој во својот роман го споменува Вухан како епицентар на инфекцијата за која пишува во книгата.

Dean Koontz's Wuhan-400 appears to have similarities with the Wuhan virus. (Twitter photo)

Publiée par Rajah Murugaiah sur Dimanche 16 février 2020

Писателот во овој трилер, објавен во 1981 година, го нарекува вирусот „Вухан-400“, што е морничава случајност, но постојат големи разлики помеѓу вистинскиот вирус што потекнува од овој град и оној опишан во романот.

Првата разлика е во тоа што Вухан-400 е развиен како биооружје надвор од градот, со цел да се „истребат„ луѓето. Затоа, стапката на морталитет на овој вирус е 100 проценти, односно секој што ќе се зарази со него умира. Ковид-19, од друга страна, има стапка на смртност од 0,2 проценти.

Older versions of the book refer to the disease as "Gorki-400." (Twitter photo)

Publiée par Rajah Murugaiah sur Dimanche 16 février 2020

Друга работа што се совпаѓа во реалноста и во книгата е дека Институтот за вирологија во Вухан навистина постои и се наоѓа на неколку километри надвор од самиот град. Сепак, тој е основан уште во 1956 година, 25 години пред да се објави романот.

Дали оваа книга навистина го предвиде ворусот Кковид-19? Во книгата, исто така, пишува дека вирусот ќе се појави повторно десет години од неговото прво избивање, што значи во 2030 година и после тоа никогаш повеќе нема да се појави.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот