Клоп: Каков меч, каков противник, Лидс се претстави извонредно!

фото: твитер

И менаџерот на актуелниот шампион во Премиер лигата, Јирген Клоп со пофалби за денешните перформанси на играчите на Марсело Биелса.

Уште на самиот старт Ливерпул се соочи со доста незгоден ривал, иако пред натпреварот сите најавуваа дека тоа ќе биде само еден лесен триумф на „црвените“.

Фантастичен меч покажаа и Ливерпул и Лидс (4:3), на крајот Редси од пенал дојде до првите три бода преку Салах кој беше најзаслужен за победата и неговиот хет-трик.

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп во свој стил истакна дека фудбалот не е возење со велосипед.

– Потребно е време да бидеме во вистинската форма. Каков меч, каков противник, вистински спектакл, уживав. Верувам дека Лидс ќе има добра сезона, доколку го задржи ваквиот интензитет. А и верувам дека сакаат тоа да го направат, бидејќи дојдоа од напорно натпреварување во кое знаеја како да ја распоредат свежината и силата. Знаевме дека ќе ни направат проблеми, сега сите видоа дека Лидс е посебен и денеска се претстави извонредно – рече германскиот стратег на Редси, Клоп.

Воедно Клоп додаде и дека неговите фудбалери можат да бидат уште подобри и дека е задоволен од играта против таков организиран состав каков што е Лидс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот