Клинтон ги отфрли шпекулациите: Нема пак да се кандидирам за претседател

Хилари Клинтон/ Фото EPA/SHAWN THEW

Поранешната државна секретарка и кандидатка за претседател на САД Хилари Клинтон (74) изјави дека повеќе нема да се кандидира за претседател, иако некои шпекулираа за таква одлука од нејзина страна.

– Не, нема да се кандидирам. Но, ќе направам сè што можам за да имам претседател кој ја почитува нашата демократија, владеењето на правото и нашите институции, изјави таа за Си-Би-Ес.

Таа додаде дека Трамп не спаѓа во категоријата претседател што таа би ја поддржала и оти треба да биде „сериозно поразен” доколку повторно се кандидира.

– Тој процес треба да започне во Републиканската партија. Покажете карактер, спротивставете му се на овој човек, рече Клинтон.

Трамп, кој ја победи Клинтон на претседателските избори во 2016 година, најави дека би можел повторно да се кандидира во 2024 година, а анкетите покажуваат дека има добри шанси да биде републикански кандидат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот