Кластер „избори“: Бројот на активни носители на ковид-19 во Косово за првпат е над 10.000

Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Бројката на активни носители на коронавирусот во Косово за прв пат надмина 10.000 и, вклучително новозаболените 529 во изминатото деноноќие, моментно изнесува 10.091, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во денешниот извештај на Националниот институт за јавно здравство на Косово се наведува и дека во текот на вчерашниот ден починале шест пациенти, со што бројот на жртви на пандемијата од нејзината појава пред една година достигна до 1.674.

Од досега тестираните 341.443 лица, од кои 2.888 во текот на вчерашниот ден, позитивни на коронвирусот биле вкупно 74.748 лица.

Последните 24 часа се регистрирани и 333 излекувани од ковид-19, со што бројката на лица кои ја совладале болеста се искачи на 62.983.

Последните неколку недели во Косово се забележува пораст на бројот на новозаболени од ковид-19, кој секојдневно изнесува меѓу 500 и 600, што, според здравствените власти, е последица на непочитувањето на мерките за спречување на ширењето на пандемијата од страна на политичките партии за време на кампањата за вонредните парламентари избори што се одржаа на 14 февруари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот