Ќерката на Брижит Макрон: Мајка ми се сплетка со својот 25 години помлад ученик, тоа сѐ уште ме боли

Фото: Profimedia

Најмладата ќерка на француската прва дама, Брижит Макрон, за првпат проговори за скандалозната афера на нејзината мајка со францускиот претседател Емануел Макрон.

Во интервјуто, Тифен Озијер призна дека и ден-денес е повредена од „забранетата врска“ меѓу тогаш омажената учителка и нејзиниот тогашен ученик – тинејџер.

Озијер, која штотуку го објави својот прв роман, го искористи и интервјуто за „Парис меч“ за да одговори на тврдењата дека Брижит е родена како маж.

Брижит и Емануел Макрон / Фото: Blondet Eliot/ABACA / Abaca Press / Profimedia

Таа имала само 10 години кога дознала дека нејзината мајка, која работела како учителка, се гледа со ученик кој е 25 години помлад од неа.

Сите од нивното семејство морале да ги слушаат гласините за „забранетата врска“ во Амјен, северна Франција.

„Тогаш научив многу за човечката природа. Знам дека во овие моменти треба да се фокусираме на она што е важно и да одиме напред, игнорирајќи ја критиката. А имаше сѐ – напади, озборувања, осуди… Тогаш немаше социјални мрежи, но живеевме во мал провинциски град, сѐ беше познато. И покрај ова, стоевме со кренати глави. Јас сум жена со отворен ум, сакам да одам напред и стекнав многу толеранција“, рече Тифен, која денес има 40 години, пренесе „Дејли мејл“.

Брижит Макрон и Тифен Озијер / Фото: Philippe HUGUEN / AFP / Profimedia

Неа особено ја вознемирило тоа што нејзиниот посрамен татко, Андре-Луј Озијер, бил принуден да го напушти семејниот дом во 1994 година, иако тој се разведе од Брижит дури во 2006 година, дозволувајќи му на Макрон да се ожени со неа една година подоцна.

„Разделбата во семејството може да биде тага, но и можност. Рекомпозицијата може да биде и збогатување. Сега имам сакан татко и очув“, изјави таа.

Таа рече дека секогаш зборува за татко ѝ во сегашно време, иако тој починал во 2019 година, на 68-годишна возраст.

Брижит Макрон и Тифен Озијер / Фото: : Alfonso Jimenez / Shutterstock Editorial / Profimedia

Францускиот медиум пишува дека Тифен била дете кога избил скандалот. Младиот Макрон често им ѕвонел на врата, па гласините станувале сѐ погласни и, секако, имале влијание врз трите деца кои беа во тоа семејство.

Сестрата на Тифен, Лоренс, тогаш имала 17 години и му била соученичка на Емануел Макрон.

Тифен раскажа дека гласините за „забранетата врска“ биле застрашувачки за сите три деца, вклучувајќи го и нејзиниот брат Себастиен, кој во тоа време имал 19 години.

Тифен Озијер и Емануел Макрон / Фото: GONZALO FUENTES / AFP / Profimedia

Сите тројца биле ученици во „Ла Провиденс“, римокатоличко средно училиште во Амјен, каде Брижит предавала драма.

Исто така, Тифен откри дека била ужасно повредена од тврдењата на социјалните мрежи дека нејзината мајка Брижит е родена како маж.

„Бев загрижена во какво општество живееме кога слушнав дека кружи приказна дека мајка ми е, всушност, маж“, рече таа и додаде: „Погледнете со каква самодоверба е кажано такво нешто и каква е веродојстоноста дадена на таквата изјава. Како воопшто се спротивставувате на дезинформациите на социјалните мрежи?“, изјави Озиер, која по професија е адвокатка, и сега живее во Кале со сопругот и двете деца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот