Ќе се отвораат македонски и српски културно-информативни центри во Белград и Скопје

Фото: МИА

Владата денеска го разгледа и утврди предлог-законот за ратификација на спогодбата меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Србија за основање културно-информативни центри во Белград и во Скопје.

Со документот се модулира правната рамка со која се уредуваат правата и обврските на двете држави во однос на работа на културните центри.

Културните центри, согласно политиката на добрососедство придонесува за популаризација и презентирање на традицијата, културата и уметноста на Република Северна Македонија.

Ваквите центри овозможуваат навремено и изворно информирање на граѓаните за актуелните културни текови во двете држави односно претставува мост за зближување и заемно запознавање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот