Ќе остане во Барса уште три години со клаузула од 500 милиони евра

Фото: EPA-EFE/Alberto Estevez

Дефанзивецот Алехандро Балде останува во клубот до 30 јуни 2024 година со откупна клаузула од дури 500 милиони евра.

Каталонскииот гигант потврди дека на првиот тим му се приклучува досегашниот член на Барселона Б. Станува збор за 17-годишен лев бек кој во следната натпреварувачка сезона се очекува да биде прва замена за Жорди Алба.

Младиот Балде за првиот тим на Барса дебитираше вчера во пријателскиот натпревар против Химнастик (4:0). Балде ги помина сите категории на „Ла Масија“, минатата сезона играше за Барса Б со 16 настапи.

Составот на Роналд Куман е прв фаворит за освојување на титулата во шпанската „Ла Лига“, минатата сезона на врвот се искачи Атлетико Мадрид.

Холандскиот стратег од новата сезона ќе има страшен напаѓачки тандем откако првите луѓе на клубот успеаја да ги обезбедат услугите на Серхио Агуеро и Мемфис Депај, а се надеваат дека наскоро соработката ќе ја продолжи досегашната најголема ѕвезда Лионел Меси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот