
Ќе ја одбереме најдобрата опција за Чебрен и Галиште, вели Божиновска
Министерката за енергетика Сања Божиновска денеска рече дека експертска група веќе неколку месеци работи на проектот за изградба на хидроелектраните Чебрен и Галиште и дека се во финална фаза.
Препорачано
Божиновска нагласи дека се разгледува дали ќе биде прифатлива цената за граѓаните.
„Имавме експертска група која работеше неколку месеци и некоја рамка поставивме. Сега сме во финални размислувања да видиме колку тоа би изнесувало, дали ќе биде 1,2 или 1,3 милијарди. Ќе видиме точно која ќе биде висината на браната, што се ни е потребно. Кога ќе ја знаеме точната сума, ќе видиме под кои најдобри услови можеме да почнеме со изградба. Би сакале тоа да биде наш проект. Ќе ги видиме сите опции, која е најдобра за граѓаните таа ќе ја избереме“ изјави Божиновска во одговор на новинарско прашање.
Проектот би се градел со заем, кој подоцна би се враќал по договор не наеднаш, додаде министерката Божиновска.
Таа нагласи дека се во преговори со неколку фирми кои се заинтересирани да градат когенеративни централи, што, како што нагласи таа е сериозна инвестиција од милијарда евра.
„Тоа ќе биде сериозна инвестиција, зборуваме за милијарда евра. Ќе видиме, разговараме и дискутираме. Мислам дека во најкус рок ќе имаме повеќе информации, но веќе имаме преговори со неколку фирми“, соопшти Божиновска.
Информира и дека Извештајот на МЕПСО ќе се разгледува денеска, веќе е доставен до Регулаторната комисија за енергетика.
Премиерот Христијан Мицкоски вчера најави дека хидроелектраните ќе се градат со пари од заемот, а инвестицијата ќе изнесува 1,2-1,3 милијарди евра.
Чебрен и Галиште ќе се градат со пари од британскиот заем, ќе чини 1,3 милијарди евра