Кинезите вака постапуваат со оние што не ги почитуваат наредбите: Ја извади маската, му скокнаа и го одведоа (ВИДЕО)

На снимката се гледа како човек во заштитно одело му мери температура на маж во автомобил, кој потоа се обиде да побегне со возилото од самото место, но полицијата го запре.

Цел свет последните неколку недели се бори против коронавирусот. Медиумите секојдневно известуваат за тоа каква е моменталната состојба и како луѓето можат да се заштитат.

За жал има и такви кои не ги почитуваат правилата, Кинезите на една снимка објаснија како тие постапуваат со граѓаните кои не се придржуваат кон пропишаните упатства.

На социјалните мрежи се појави снимка од показна вежба каде Кинезите објаснуваат како нивните служби се обучени да реагираат.

 

На снимката се гледа како човек во заштитно одело му мери температура на маж во автомобил, кој потоа се обиде да побегне со возилото од самото место, но полицијата го запре.

 

Кога тој не сакаше да ја послуша наредбата, па излезе од автомобилот и ја тргна заштитната маска, луѓе во заштитна облека му скокнаа и го одведоа.

Потоа целото подрачје е дезинфицирано, како и опремата која службениците ја користеа во постапката на апсење.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот