Кинезите повторно можат организирано да патуваат во Македонија

Министерство за култура и туризам на Кина ги укинува ограничувањата за организирани туристички патувања, воведени за време на пандемијата Ковид-19, за уште 78 земји, меѓу кои е и Македонија. Туристите од Кина ќе можат организирано да патуваат и во Германија, Велика Британија, Австрија, Бугарија, Полска, САД, Јапонија, Јужна Кореја, Австралија …

Ова е трета група земји за кои се укинуваат ограничувањата за патување на организирани групи од Кина.

Првата беше одобрена од властите во Пекинг во јануари и опфати 20 земји, вклучувајќи ги Русија, Тајланд, Куба и Аргентина. Патувањето во втората група од 40 земји беше дозволено во март. Меѓу нив беа Франција, Португалија, Бразил и Непал.

Пред пандемијата, патниците од Кина трошеа најмногу во странство во споредба со туристите од сите други земји. Во 2019 година, кинеските туристи во странство потрошиле вкупно 255 милијарди долари, а 60 отсто од таа сума отпаѓа на организираните туристички групи.

Отсуството на кинески туристи за време на пандемијата имаше негативно финансиско влијание врз многу бизниси ширум светот кои се потпираат на туризмот, пренесува БТА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот