Кина воведе санкции против 28 американски граѓани, меѓу нив и Помпео

Фото:EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Пекинг воведе санкции против 28 американски граѓани за мешање во внатрешните работи на земјата и поткопување на кинеските интереси. Меѓу нив се поранешниот државен секретар Мајк Помпео и трговскиот советник на Доналд Трамп, Питер Наваро, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи.

„Во последните години, голем број антикинески политичари во Соединетите Американски Држави, засновани врз нивните сопствени политички интереси, предрасуди и омраза кон Кина, занемарувајќи ги интересите на кинескиот и американскиот народ, испланираа и спроведоа низа безумни акции кои претставуваа сериозно мешање во кинеските внатрешни работи и нанесоа штета на нејзините интереси “, се наведува во соопштението.

Нагласено е дека Пекинг одлучи да воведе санкции за 28 лица кои се одговорни за слични постапки на САД кон Кина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот