Кина во 2028 година ќе биде прва екомонија во светот

Фото: EPA-EFE/THOMAS PETER / POOL

Кина во 2028 година ќе ги престигне САД и ќе стане прва економија во светот, пет години од претходните проценки, се наведува во најновиот извештај на британскиот Ценар за економски и бизнис истражувања (ЦЕБР).

– Пандемијата со Ковид-19 и последиците по долгорочниот економски раст на Западот се во корист на Кина, која вешто управува со кризата со воведување на раниот карантин. Се проценува дека Кина ќе оствари просечен економски раст од 5,7 отсто годишно од 2021 до 2025 година, а потоа ќе забави на 4,5 проценти годишно од 2026 до 2030 година – наведува ЦЕБР.

Центарот исто така проценува дека пандемијата во поголема мера ќе влијае на одржување на инфлацијата, а не на бавниот раст.

Според ЦЕБР, Јапонија ќе остане трета економија во светот до почетокот на 2030 година, кога ќе биде престигната од Индија и од Германија. Велика Британија, која е петта светска економија, од 2024 година ќе биде на шестото место.

Според Блумбегр, САД најверојатно ќе имаат големо заздравување на економијата во 2021 година, а во периодот од 2022 до 2024 година можено е забавување на растот на 1,9 отсто, а потоа на 1,6 проценти

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот